Забавите со разголените Плејбој зајачици во дворецот на Хју Хефнир ги одбројуваат своите последни моменти. Плејбој својата последна забава ќе ја приреди на 31 октомври кога ќе се слави Ноќ на вештерките. Се зборува дека главната причина за откажување на Хефнер од дивите забави е тоа дека почнале да го чинат премногу. Други, пак, велат дека Хју почнал да се оддалечува од зајачиците Кендра Вилкинсон и Бриџит Маргарет за да поминува повеќе време со Холи Медисон (27) со која има развиено посебен однос.
Холи неколку пати истакнала дека најмногу на светот сака да му подари дете на Хју, а се чини дека сега тоа ќе го прават во мир и тишина. На забавата на годината што доаѓа, како што некои амерички таблоиди веќе ја нарекоа, се очекува присуството на многу познати. Една филмска ѕвезда сигурно нема да се појави. Џејсон Статам исфрлен е од минатата Плејбој забава бидејќи одбил да се слика во пењоар. Обезбедувањето го испратило од имотот и забранет му е влезот во иднина.