Еден Хазард во период од четири дена два пати ја тресеше мрежата на македонска фудбалска репрезентација. Во Скопје погоди за конечна победа од 2-0 додека во Брисел стрелаше прецизно за минимален триумф 1-0.


– Кога се забавуваш на теренот е многу полесно. Покрај многу шанси во првиот дел не успеавме да постигнеме гол, но тоа ни успеа во вториот по што беше далеку полесно за игра. Добро ја примив топката се наместив и за наша среќа погодив. До крајот на квалификацискиот циклус ни остануваат уште четири натпревари за да го оствариме нашиот сон, пласман на мундијалот во Бразил – потенцираше Хазард.

Белгија со 16 бодови се наоѓа на делба на првата позиција на табелата со селекцијата на Хрватска.

Мх.П.