Еден од омилените холивудски лоши момци, Хавиер Бардем, можеби ќе заплови со „Пиратите од Карибите“ во новото продолжение од хит филмот. Шпанскиот актер има понуда да заигра во новиот „Pirates of the Caribbean: Dead men tell no tales“ и моментално е во рани преговори со продуцентите на филмот. Се очекува да ја игра улогата на пиратот Капетан Бренд, дук кој сака да му се оздмазди на Џек Спароу, бидејќи го смета за одговорен за убиството на својот брат. Џони Деп ќе ја репризира улогата на капетанот Џек Спароу, а Џофри Раш улогата на Барбоса кој би можел да се здружи со капетанот Бренд.
Сеуште не се знае дали сопругата на Хавиер, Пенелопе Круз, ќе ја повтори својата улога на Анџелика од четвртиот дел. Хавиер Бардем има импресивна филмска кариера, но е најпознат по своите мрачни улоги. Освои Оскар за улогата на ладнокрвен убиец во филмот “Нема земја за старци“, многу успешно ја долови улогата на негативецот во филмот со Џејмс Бонд „Скајфол“, но несомнено ќе биде сјаен и во „Пиратите од Карибите“. Петтото продолжение ќе го режираат Јоаким Ренинг и Еспен Сандберг. Почетокот на снимањето се планира за 2015 година, а во кината ќе се најде во 2017 година.