На шпанскиот актер Хавиер Бардем му била понудена улога во новиот филм за Џемс Бонд. Деталите за улогата се држат во тајност, но се претпоставува дека шпанецот ќе го игра главниот негативец. Филмот за славниот агент, кој по трет пат ќе го игра Даниел Крег, би требало во кината да се појави во ноември 2012, а новиот Бонд ќе го режира Сем Мендес.
Бардем, добитникот на Оскар за споредна улога на негативецот во филмот „Нема земја за старци“ од 2007, минатата седмица бил номиниран за Оскар за главна улога за филмот „Преубаво“ на режисерот Алехандро Гонсалес Инхаритуа.