Шпанскиот актер и оскаровец Хавиер Бардем ќе глуми негативец во новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд, кој наредната година би требало да се појави во кината ширум светот. Хавиер Бардем ги потврдил гласините кои веќе со месеци кружат околу неговиот ангажман во филмот. Изјавил дека е многу возбуден и дека уште од мал ги гледал сите филмови за тајниот агент.
Хавиер Бардем, кој е оженет со шпанската актерка Пенелопе Круз, одлично глуми негативци, иако во Холивуд важи за добар човек. Последениот пат кога глумел сериски убиец во филмот „Нема земја за старци“ добил оскар за најдобра споредна улога.