Шпанскиот актер Хавиер Бардем добил понуда од студиото Ворнер Брос да го игра главниот негативец во новиот филм за вечното момче Петар Пан. Станува збор за нова, послободна адаптација на класикот на Џејмс Метју Бери, во кој Бардем би требало да го игра лошиот пират. Режијата на филмот најверојатно ќе биде доверена на Џо Рајт, додека автор на сценариото ќе биде Џејсон Фукс.
Филмот раскажува за момчето без родители кое оди во магичниот свет на Недојдија, каде води востание против банда пирати, меѓу кои се Црнобрадиот, кој би тербало да го игра Хавиер и Капетан Кука. Ова нема да биде прв пат Бардем да игра негативец. Шпанскиот актер одлично се претставил во таква улога во минатогодишниот филм за Џејмс Бонд Скајфол. Моментално може да се види во трилерот на Ридли Скот „Советник“, во кој играат уште и Пенелопе Круз, Камерон Диаз, Мајкл Фасбендер и Бред Пит.