Популарниот актер Хавиер Бардем кој е во брак со колешката Пенелопе Круз за медиумите изјавил дека е среќно оженет, дека дише со полна плуќа и дека живее во мир. Искрено се заблагодарил на силата која му пружила можност да биде сакан. Неговата сопруга и добитничка на Оскар неодамна изјавила дека без оглед на успешната кариера, најмногу ужива да го минува времето дома со своето семејство во нивниот семеен живот.
Актерката додала дека обожава да готви и да чисти. Рекла дека тоа го научила додека го снимала филмот „Врати се“. Нејзиниот лик исто така бил домаќинка, па кога почнала да се припрема за улогата, одела кај нејзините мајка и сестра да им помогне, а тие коментирале дека најверојатно не и е добро штом оди кај нив да ги чисти нивните куќи.