Хашкиот трибунал го прогласи за виновен поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ за злосторствата во Босна и Херцеговина и му одреди казна затвор во траење од 40 години.

Советот го осуди Караџиќ за 10 од 11 точки од обвинението, односно освен за геноцидот во седум општини во БиХ, вклучувајќи го и геноцидот во Сребреница.

По повеќегодишното бегство и криење под лажениот идентитет „доктор Дабиќ“, Караџиќ беше уапсен на 18-ти јули 2008-та година, и една недела подоцна од Белград му беше испорачан на Трибуналот во Хаг.

Неговото судење официјално започна во октомври 2009-та, а заврши во 2014-та година. За време на судењето тој се бранеше сам, без адвокат, но со помош на експертски правен тим. На денешната пресуда и Караџиќ и обвинителството на Хашкиот трибунал ќе имаат можност да врачат жалба.

Караџиќ се терети за геноцид, вмешаност во геноцид, ликвидација, убиства, казнувања, депоратција, нехумани акти и останати злосторства направени врз муслиманите, Хрватите и останатото население – несрпско население во БиХ за врема на војната во оваа држава.

Заедно со тогашниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, Караџиќ е обвинет како главен учесник во заедничките злосторства, чија конечна цел била трајно отстранување на муслиманите и Хрватите од територијата која Србија ја сметале како своја во рамките на БиХ. Покрај Војската на РС, во овие тогашни акции учествувале и ЈНА, Министерството за внатрешни работи на Србија, како и српски паравоени сили.

Како „дополнителни злосторнички акции“ на Караџиќ и Младиќ, обвинителите ги наведуваат и „ширењето на терор над цивилното население на Сараево преку снајпери и гранатирање“, понатаму „елиминирање на босанските муслимани од Сребреница“ и „земањето на лица од ОН како заложници“.

OhridNews
Извор:„Макфакс“