Поранешниот фудбалер на Шкендија, Ферхан Хасани кариерата ќе ја продолжи во хрватски Динамо Загреб. Хасани со “коцкастите“ потпиша пет годишен договор.

По неуспешната епизода во германскиот Волфзбург, Хасани мораше да најде клуб каде ќе ја продолжи и одржи одличната форма.

Во квалификациите за Светското првенство во Бразил, крилниот фудбалер полека станува клучна алка во македонската репрезентација.

Мх.П.