Кофилд во АМАК СП дојде во финишот на шампионатот, одигра два натпревари кои охриѓани ги загубија од Струмица  (81-90) и Пелистер (83-79).

На Дебито пред охридскaта публика Коко постигна 20 п додека во Битола само 5 п. Ваквиот скор му се препишува на краткото време за адаптација. Кофилд (26) се очекува да ја надополни играта на АМАК на плејмејкерската позиција.


 ќе има време да се навикне на македонската кошарка – Кофилд (жолта маичка)

Со ангажманот на Кофилд се заокружуваат бројот на засилувања,барем засега. Кошаркарите на АМАК СП  деновиве одат на заслужен одмор, а на работа се враќаат по новогодишните празници.

Мирко Постоловски