Престижниот американски универзитет Харвард официјално забранил сексуално односи помеѓу професорите и студентите. Според пишувањата на американските медуми, одлуката е донесена во рамките на ревизијата на политиката за сексуално вознемирување и злоставување. На студентите на постдипломски студии им е забрането да имаат „романтични и сексуални односи“ со сите професори, без оглед дали им предаваат или не, се наведува во ажурираниот универзитетски правилник.

 

Студентите на дипломски и докторски студии, од друга страна, не можат да имаат сексуални односи само со своите предавачи и ментори. Таква забрана уште во 2010 година вовел универзитетот Јејл, а Универзитетот во Конектикат во 2013 година.