Угледниот американски универзитет “Харвард“ соопштил дека идната година ќе отвори катедра за хомосексуалците, лезбејките и транссексуалците.


Хомосексуалниот и лезбејскиот одбор на Харвард истакнал дека таа катедра ќе му овозможи на универзитетот “редовно да ги повикува еминентните експерти за проучување на сексуалните недостатоци“.

Катедрата ќе се вика по Ф.О. Матиесен, професор кој на Харвард работел од дваесеттите до педесеттите години од минатиот век, а извршил самоубиство по смртта на неговиот љубовник, уметникот Расел Чени.