Граѓани на Охрид реагираат дека во малопродажба во обични продавници се продаваат хартиени маски за заштита по цена од 40 денари. Осврн што цената им е надувана, тие забележуваат дека маските се делат на парче без да се запазат минимум хигиенски услови, односно тие не се спакувани и се допираат целосно од страна на продавачите при продажба.

-Која е целта да се купи заштитна маска која е контаминирана, затоа што не е соодветно спакувана и се допира без претходно да се измијат или дезинфицираат рацете. – прашува граѓанин, сведок на таква ситуација.

За носењето маска има многу полемики, особено околу тоа дали треба и кога треба да се носи. Медицинските лица се децидни дека е потребна внимателност при носењето маска и дека не секаде таа треба да се носи. Тие се против тоа маска да се носи на отворено кога се држи социјална дистанца, укажувајќи дека голема важност има и тоа за каква маска се работи. Обичните маски, велат, тие, ја имаат својата функција само 2 часа, потоа стануваат исто толку опасни колку и допирот на лице со нечисти раце.

OhridNews