Лејди Гага, или Mother Monster настапила на „Џингл Бел Бол“ облечена во црвен комбинезон со зелена перика на главата и шешир во облик на стебло со украси и ѕвезди. Таа рекла дека е пресреќна што повторно може да настапува по нејзината повреда и операција. Во публиката имала свој најголем фан. Како ќерка на една од најпознатите светски поп ѕвезди, не чуди што малата Харпер Бекам ја наследила љубовта кон музиката од својата мајка Викторија.
Двегодишната Харпер е голем обожавател на Лејди Гага и уште отсега знае да ги пее нејзините песни. Нејзиното воодушевување било неизмерно кога славните мајка и татко ја одвеле во бекстејџот како би го запознала својот идол. Извор за медиумите рекол дека Дејвид и Викторија, заедно со Харпер, отишле во бекстејџот да се запознаат со пејачката и гордо и дале до знаење дека нивната ќерка е нејзин најголем фан. Исто така и кажале дека иако има само две години знае да ги пее сите нејзини песни.