„Лукас филм“ го најави она што сите фанови веќе со години го посакуваа, нов „Индијана Џонс“. Иако во план беше потенцијален римејк на франшизата, Харисон Форд и Спилберг потврдија дека сепак се работи за продолжение, закажано за летото 2019 година. Алан Хорн, претставник на студиото Дизни, изјави дека Индијана Џонс е еден од најголемите холивудски јунаци и едвај чекаат да го вратат на големото платно. Реткост е да се има ваква екипа која работи на филмот.

 

Познатиот археолог авантурист за прв пат се појави во 1981 година во филм кој е сврстен во најдобрите 100 американски филмови на сите времиња, додека последниот филм од франшизата беше далеку помалку славен. „Ииндијана Џонс и кралството на кристалниот череп“ од 2008 година беше дочекан на нож, како од критичарите така и од публиката. Филмот се сметаше за убиец на серијалот, што сепак не е случај, бидејќи Харисон Форд сеуште не е спремен да се откаже од шеширот и камшикот.