Актерскиот пар Харисон Форд и Калиста Флокхарт планираат да посвојат уште едно дете. Парот се венчал во јуни минатата година, и заедно го одгледуваат Лијам, која актерката го посвоила 2001 година. Таа сега сака уште едно дете, а Харисон наводно се сложил.
Калиста веќе некое време сака уште едно дете, а Харисон би сторил се за таа да е среќна. Планираат новиот член на семејството да го доведат до крајот на оваа година. Актерот кој има 68 години и неговата 22 години помлада сопруга се запознале далечната 2002 година на доделувањето на Златните Глобуси, а се венчале по осум години врска.