Холивудскиот актер Харисон Форд сеуште не бил спремен да зборува за својата улога во продолжението на „Војна на ѕвездите“, но бил полн со пофалби за режисерот Џеј Џеј Ејбрамс. Форд, кој во оригиналната триологина на „Војна на ѕвездите“ го играл Хан Сол не сакал да одговара на прашања во врска со новиот филм на овој серијал.
Творецот на „Војна на ѕвездите“ Џорџ Лукас на едно неодамна дадено интервју рекол дека Форд, Марк Хамил и Кери Фишер се во преговори за улоги во новиот филм на франшизата која била продадена на Дизни минатата година.