Познатиот американски глумец Харисон Форд му оддаде почит на својот неодамна починат колега Шон Конери. Имено, тој се надева дека ако неговиот „драг пријател е во рајот, тој сега игра голф“.

Двајцата заедно глумеа во филмот на Стивен Спилберг – „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“, кога сер Шон го толкуваше таткото на главниот лик.

Боже, колку многу се забавувавме. Ако Шон е сега во рајот, се надевам дека таму имаат терени за голф. Почивај во мир, драг пријателе!, рече Форд во интервју за „Варајети“.

Форд се потсети и дека било вистинско задоволство да се вози со Конери во „руската приколка за мотоцикли што отскокнувала на онаа нерамна, крива планинска патека“.

Пред Форд, и Роберт де Ниро, Кевин Костнер, Мајкл Кејн, Даниел Крег, Пирс Броснан и многу други се простија од првиот „Џејмс Бонд“, кој викендов почина на 90 години.

OhridNews
Фото: Скриншот YouTube