Харисон Форд, чиј нов филм „Каубои и вонземјани“ премиерно бил прикажан на конвенцијата за филмови, стрипови и видео игри во Сан Диего, се припрема за уште еден вестерн, а овој пат ќе го игра Вајат Ерп. Филмот “Black Hats” ќе биде снимен според роман на Макс Алан Колинс, чиј главен јунак е  веќе остарениот Вајат Ерп.


Во филмот ќе бидат прикажани последните години на познатиот Вајат ерп кои ги минува како приватен детектив и филмски консултант во Лос Анџелес. Ерп дознава дека неговиот пријател Док Холидеј, кој одамна починал, имал син кој живее во Њујорк за време на прохибицијата и кој доаѓа во конфликт со криминалец во подем, чие име е се разбира, Ал Капоне.