Харисон Форд и Калиста Флокхарт, како што е познато, се венчале минатата седмица во Мексико. Никој од пријателите и роднините не знаел за свадбата. Се венчале по долгата врска која траела девет години.


Тие по венчавката веднаш се вратиле во Лос Анџелес, а медениот месец ќе мора да го почекаат за некое поповолно време. Тие изјавиле дека во Мексико не можеле да ги поднесат комарците, а на Калиста и било многу мачно поради надморската височина.