Актерот Даниел Редклиф ќе го игра Игор Франкештајн во филмот “Франкештајн“ кој стигнува во кината во 2015 година. После улогата на Хари Потер младиот актер ќе го толкува ликот на лекарот Франкештајн.

За потребите на филмот морал да ја надгради косата така што бил речиси непрепознатлив кога се појавил да ја прими наградата за најдобар актер во драмата ‘The Cripple of Inishmaan’. Инаку Даниел изјавил дека прамените кои ги надградил се направени од коса на мртов човек.