Во рамките на фестивалот “ОХРИД ТЕ САКАМ”, утре пред охриѓани, свој концерт ќе одржи харфистката Елена Шумановска. Таа е добитник е на бројни специјални награди на државни и меѓународни натпревари како и на престижната награда “Климентина Рафајловска” во 2002 година.
Во својот солистички репертоар таа инкорпорира повеќе различни стилови. Посветена е на промовирање на композитори-харфисти важни за напредокот на харфистичката техника на современата харфа, но секогаш со ентузијазам се навраќа на класичните форми.
На концертот како гостин ќе настапи и флејтистката Анета Димитриевска со која заеднички ќе ги изведат неколку познати конпозиции.
Концертот ќе се одржи со почеток во 20 часот во Спомен куќата на Григор Прличев. Влезот е слободен.