Еден од најдобрите македонски хардкор-метал состави, Охриѓаните
Hardfaced, заминува на голема Балканска турнеја која ќе трае од 10-ти до
21-ви Октомври. Момците ќе имаат 11 концерти низ Романија, Унгарија,
Србија, Македонија и Грција. Крајот на нивното патување ќе биде
заокружен со настап во Скопје на 26-ти Октомври, како специјални гости
на концертната промоција на последниот албум на нивните другари Smut.

Hardfaced
постојат од 2004-та година. Зад себе имаат два студиски албума и
многубројни настапи кај нас и низ соседните земји. Во моментов работат
на третиот студиски албум кој е планиран да излезе во 2013 година.
http://www.facebook.com/hardfaced