Во петок (17 март, 20:00 часот) во потсценскиот простор во Центарот за култура “Григор Прличев”, концерт ќе одржи Охридскот хардкор метал бенд Hardfaced. Концертот во Охрид е дел од македонската турнеја која ги опфаќа и градовите Куманово, Скопје и Битола. На сите концерти Hardfaced во својот сет ќе ги свират песните од првиот албум “More thаn hate”, кој оваа година слави десет години од неговото излегување. Турнејата е насловена како “X years of hate”.

Хардфејсд се основани во почетокот на 2004 година во Охрид. Во 2007 излегува нивниот деби албум “More than hate” кој добива одлични критики во Македонија и низ Балканот. Во 2011 излегува вториот албум “Show them what they fear”, a актуелни се и со третиот албум “Dying Lake”. Зад себе имаат неколку Европски турнеи и свиреле со бендови како Biohazard, Unearth, Stampin’ Ground, 7 Seconds, Parkway Drive, Born From Pain, No Turning Back, Romeo Must Die, Devil In Me, Last Hope, Shame 69, Agnostic Front и многу други.

Гости на концертот во Охрид се Скопскиот кросовер хардкор метал бенд Trendkill.Во 2015 година со оригиналната постава го имаат издадено деби албумот “Colors of Self”, а на 11 февруари 2017 година излезе и ЕР-то “Приградски хардкор”.

Покрај концертите во Охрид, Битола и Куманово, “Hardfaced” во четврток свират и на роденденскиот концерт на “Diehard booking & records”. На сцената на Младинскиот Културен Центар во Скопје покрај Hardfaced, ќе настапат и Nasty од Белгија, Blood shot down од Германија, како и македонските бендови Shock troopers, Gargoyles и Short fuse hero.

Концертот во Охрид е во организација на Gabba Gabba Ohrid, Diehard booking подпомогнати од Zograf amplification. Карти за концертот можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ по цена од 150 денари и 200 денари на денот на концертот.

OhridNews