Охридскиот состав Hardfaced, во петок, со концертот во Скопје, во рамки на фестивалот „Востание 2″, ја започнува источно европската турнеја, заедно со своите пријатели Last Hope од Софија. Двата бенда ќе го крунисаат своето десетгодишно пријателство со заедничка турнеја на која ќе ги презентираат последните изданија.
Hardfaced се оформени во 2004-та година во Охрид. Имаат издадено три албуми и зад себе имаат неколку европски турнеи.
Last Hope важат за легенди на балканскиот хардкор, свират од 1996-та година, имаат издадено шест албуми и отсвирено стотици концерти низ цела Европа. Турнејата ќе мине низ Македонија, Србија, Хрватска, Унгарија, Романија и Бугарија.
OhridNews