Оваа Сабота охридската хардкор-метал дружина Hardfaced ќе настапи на третиот по ред Hardcore Attack фестивал, кој ќе се одржи во Скопје во ноќниот клуб Хавана со почеток од 20:30 часот. Фестивалот ќе го отворат скопскиот хардкор бенд Screaming For Change, а гости на истиот ќе бидат њускул хардкорците Hobson’s Choise од Тузла, Босна и Херцеговина.
Hardfaced е формиран почеток на 2004 во Охрид, Македонија. Шест другари под влијанија на различни музички стилови како хардкор, метал, панк и хип хоп создадоа оригинален и препознатлив хардкор/метал звук. Во 2007-та го снимаат и сами го издаваат првиот деби албум со наслов “More than hate”. Албумот добива одлични критики на Македонската и Балканската андерграунд сцена и е комплетно распродаден. Истата година е реиздаден и во Бугарија преку “Years of Pain records”. Следат неколку настапи по Бугарија и Србија, а песната “Hope” се појавува и на Балканска хардкор к омпилација издадена во Белград. Албумот е промовиран низ цела Македонија. Конечно во 2009-та повторно влегуваат во “Krecho Sound Studio” и го снимаат вториот долго свиречки албум со наслов “Show them what they fear” кој е издаден Јануари 2011.
Приказната продолжува и не завршува тука. Hardfaced влегуваат во историјата како првиот охридски бенд кој ќе има настап на познатиот европски фестивал EXIT во Јули оваа година.
http://www.facebook.com/pages/Hardfaced/80029847429