Службите на ЈП Комуналец деновиве едвај ги извршуваат своите секојдневни обврски.

Со навалата на гости во градот, а поради недостигот на паркинг простор, се паркира кој каде ќе стигне. При тоа, се создава проблем за камионите на ова јавно претпријатие, кои поради неправилно паркираните возила немаат пристап до поставените контејнери.

Ohridnews