Охридската Билјана 006 натпреварите ги започна на 14-ти октомври и оттогаш одигра само шест кола. Значи за два месеци само шест натпревари што му доаѓа на секој десети ден по еден натпревар.
– Континуитетот на натпреварите е тотално нарушен. Одложувањето на натпреварите е голем проблем за нас. Конкретно за мечот со Вигор ние ја темпиравме формата, а натпреварот беше три пати одложуван по што го претрпивме првиот пораз во шампионатот – вели Весна Балазоска тренер и играч во Билјана 006.
Охриѓанки се разочарани од односот од федерацијата која ги фаворизира скопските екипи.
– Ако вака се продолжи со делегирање на натпреварите од страна на КФМ, по дирекција на скопските екипи, ние се прашуваме дали вреди да се натпреваруваме во “скопскиот кошаркаски сојуз“, кој е во служба на скопските тимови, а не на другите од страна, вели Балазоска.
– Приказна за себе се младинските лиги, каде за минимализирање на трошиците , скопските екипи воопшто не доааѓаат да играат во Охрид, или пак за еден ден одигруваат по 5-6 натпревари во регионот Охрид – Струга –Дебар – Битола – коментира Балазоска.
Како потврда на изнесето е наредното коло во кое Колибрите место да играат дома, гостуваат во Скопје каде ќе одиграат два натпревара и тоа еден како гости , а потоа еден како домаќини. Сепак Охриѓани не се откажуваат и сметаат дека е многу подобро да се играат мечеви, отколку да одиграат само два натпревари во цела сезона.