Припадниците на навивачките групи “Делии“ и “Гробари“ во сопствена режија ќе дојдат во Скопје, да ја бодрат репрезентацијата на Србија. “Орлите“ во четвртата рунда од квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година ќе се сретнат со Македонија.

Како што пренесува српскиот весник “Курир“ навивачите не само што доѓаат во Скопје да навиваат за Србија туку имаат цел да се пресметаат со албанците кои живеат во Македонија.

Мечот на Арената “Филип Втори“ се игра в вторник со почеток од 20:30 часот.

Ohridnews