На десеттина дена од почетокот на новата сезона во Серија А челниците на лигата се соочуваат со голем проблем, откако претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис е позитивен на вирусот ковид -19.

Наполи го потврди случајот, но се уште не знае дали фудбалерите имале контакт и дали ќе треба да поминат одредено време во изолација.

Сепак, Де Лаурентис бил на состанок со челниците од клубовите на кој се зборувало за почетокот на сезоната. Дел од присутните ќе бидат тестирани за да бидат избегнати несакани средби со останатите фудбалери од клубовите.

Новата сезона во Серија А стартува следниот викенд.

OhridNews