Хабиб Нурмагомедов ја одбрани титулата во ММА лесна категорија, откако во дуелот на годината кој се одржа во Лас Вегас го совлада предизвикувачот Конор МекГрегорд.

30-годишниот борец до триумфот стигна во четвртата рунда. Русинот го фрли на под МекГрегор и после голема борба Ирецот се предаде. Со победата Нурмагомедов не само што го одбрани тронот, туку и го задржа перфектниот скор од 27 победи во исто толку борби.

Голема дамка на ММА спектаклот остави масовната тепачка во и надвор октагонот после завршување на борбата. Нурмагомедов излезе од рингот и го нападна стручниот штаб на МекГрегор, а преставници од Русинот влегоа во рингот и се пресметаа со МекГрегор. Полицијата и обезбедувањето брзо реагираше и спречи поголем инцидент.

Khabib vs McGregor Finish

WOOOOW! Khabib vs McGregor finish and scuffle!!#UFC229

Geplaatst door Fights and Stuff op Zaterdag 6 oktober 2018

OhridNews