Обилните врнежи од снег предизвикаа проблеми во сообраќајот во Грција. Голем дел на патишта се затворени, а на некои се формирале километарски колони, пренесуваат грчките медиуми. Колона од 15 километри се создала на автопатот Атина-Ламија поради која патниците во автомобилите заглавиле и до осум часа, а сообраќајот бил нормализиран синоќа околу полноќ.
Медиумите ги предупредуваат возачите да стават синџири за снег, а полицијата забрани движење на тешки товарни возила на голем број патишта, особено во планинските области.
Затворени се и некои пристаништа поради силниот ветер, а грчката спасувачка служба денес спаси мал брод со 12 член екипаж во близина на Миконос.
OhridNews
Макфакс