Најмалку три лица ги загубија животите а над 600 се повредени во вчерашните судири помеѓу демонстрантите и приврзаниците на египетскиот претседател Хосни Мубарак во престолнината Каиро.

Насилствата ескалираа вчера на главниот плоштад во Каиро кога приврзаниците на Мубарак на камили и коњи ја пробиле заштитната зона и се судриле со противниците на режимот.


Приврзаниците на Мубарак со камили јуришаат на демонстрантите

Египетскиот претседател Хосни Мубарак на деветиот ден од избивањето на демонстрациите, вчера за прв пат и се обрати на јавноста преку телевизија, при што истакна дека сака да го одработи мандатот до крај и дека нема да се кандидира на претстојните избори во септември, што не беше прифатено од опозицијата која бара тој веднаш да ја напушти власта.

OhridNews