Едни од најдобрите бекови во ракометот Микел Хансен и Никола Карабатиќ одбиле богати понуди од Вардар пред почетокот на новата сезона.


Ваквите информации ги обелодени голманот на Вардар, Арпад Штербик кој ја „троши“ втората сезона во македонскиот првак.

– Имаа отворени понуди, но Хансен и Карабатиќ ги одбија. Во модерниот ракомет тешко се склопува шампионска екипа. Многу е тешко да доведеш ракометар од рангот на Хансен и Карабатиќ кога во составот нема таква „крв“. Во нашиот состав има ракометари од Балканот од Русија и Шпанија. – рече Штербик.

Карабатиќ летвото за рекорден трансфер во ракометната историја премина од Барселона во ПСЖ, а на рамењата на Хансен веќе три години се гради шампионскиот „дрим тим“ на „светците“.

Ohridnews