Дисциплинската комисија во италијанската Серија А, експрено му изрече казнена мерка на членот на Лацио Патрик Гарабона за гризењето на противнички играч на дуелот со Лече.

Гарабона за неспортскиот потег ќе паузира четири натпревари а дополнително ќе плати 10 000 евра за недолично однесување на спортски терен.

Гризењето на противнички играч е еден од најтешките прекршоци според фудбалските правила. За најголем прекршок се рачуна плукање на противнички играч.

OhridNews