Стружанецот Наси Хани е победник на 38. турнир „Златен гонг“ кој се одржа викендов во Скопје. Наси во финалето во тешка категорија (91кг.) го победи Бастен Ворен од Англија со 2-0 (11-0).

Охриѓаните Бојан Ристески (67) и Илчо Јоноски (81) настапија во финалето, но беа поразени од Земир Селмани од Албанија со 0-2 (5-9), односно Дарко Кучук од БиХ со 0-2 (2-10).

За најдобар македонски боксер беше прогласен Примислав Димовски кој во финалната борба во супертешка категорија го совлада Нелсон Хуса од Албанија со 2-0 (6-1).

Освојувачот на бронзениот медал од ЕП во Ливерпул, Вели Мумин, беше еден килограм потежок од дозволеното (51) па не доби виза за настап.

Ohridnews