Читателите на специјализираниот ракометен интернет портал „Handball Planet.com“ го избраа капитенот на македонската репрезентација и играч на Атлетико Мадрид за МВП во Лигата на шампиони, во сезоната 2011/2012.
Повеќе од 9.000 ракометни фанови учествувале во анкетата, а Лазаров добил 49,6 отсто од гласовите. Лазаров со својот тим се наоѓа во Келн, каде во сабота започнува завршниот турнир во Лигата на шампиони. Атлетико Мадрид во полуфиналето за противник ќе го има данскиот Копенхаген.
Лазаров, во јануари годинава, ја предводеше македонската репрезентација до петтото место на Европското првенство, кое го заврши како најдобар стрелец.
Во анкетата на „Handball Planet.com“ зад македонскиот капитен се пласира неговиот колега од Кил и репрезентативец на Србија, Момир Илиќ кој освои 40,60 отсто од гласовите.
Меѓу најдобрите десет според читателите на интернет порталот се најдоа: Микал Хансен, Филип Јиха, Бартоломеј Јачка, Силвио Хеинветер, Ким Андерсон, Валур Сигурдсон и Лук Абало.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com