Водечкиот во Серија А, Интер не успеа да ја помине групната фаза во Лигата на Шампиони и како третопласирана екипа се сели во Лигата на Европа. „Нероазурите“ во одлучувачкиот натпревар со Барселона на домашен терен изгубија со 2-1 и второто место и го пропуштија на Борусија од Дортмунд. „Милионерите“ го прифатија поклонот победувајќи ја Славија Прага со 2-1.
Моравме да дадеме погодок од многуте шанси во второто полувреме. Дадовме се од себе, но тоа не беше доволно за потивен резултат. Елиминацијата е болна, но сезоната е долга и мора да продолжиме напред. Не очекуваат уште два мечеви во Серија А до крајот на полусезоната и мора да се кренеме и да ги завршиме со победа. Со играта во групи покажавме дека заслужуваме да поминиме понатаму, но имавме премногу осцилации на кои ќе треба во иднина да поработиме. – изјави капитенот на Интер, Самир Хандановиќ.
Шампионот од 2010 година втора сезона по ред ги завршува мечевите во ЛШ во фазата по групи. Минатата година во клучна рунда ремизираше со ПСВ и пласман понатаму обезбеди Тотенхем кој подоцна стигна до финалето.
OhridNews