Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, попладнево пристигна во Скопје. Тој во изјава за „Телма“, порача денеска дека доаѓа во Македонија за да го помогне процесот на преговори со цел да се пронајде решение со кое, како што рече, ќе се зачува евроатлантската перспектива на државата.
Тој апелираше до сите политички лидери, да работат во интерес на државата а не за личните интереси.
„Тука сум да работам и да го олеснам постигнувањето на договорот со цел да и се помогне на државата да ја зачува евроатлантската перспектива во живот. Мислам дека сите треба да се подготвени, се работи за државата, а не за личните интереси. Се работи за државата треба да се преземе одговорноста и да се работи во интерес на народот, за иднината.“- изјави Хан за Телма.
OhridNews