Остана неуспешен и последниот обид на еврокомесарот за проширување Јоахнес Хас за постигнување на договор помеѓу лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев. Не било договорено ништо и по речиси 4 часа преговори откако официјално завршила лидерската средба и Ахмети и Тачи си заминале дома, објави телевизија „24 Вести“.
-Разочаран сум, ова е лош ден, но се уште има време во наредниоте 24 часа за договор и рокот за формирање на Влада ќе се испочитува, изјави Хан. Тој вели дека неможе Европа да носи одлуки за македонските лидери.
-Не не знам како ова ќе се одрази на македонските евроинтеграции, вели Хан
Лидерот на СДСМ пак порача дека има уште 20 часа да се исполни договореното, потоа ќе кажат што и како и понатаму.
-Не знам како од толку преговори, најмногу време се потроши да се забраната за бомбите, и зошто тоа некому одговара, изјави Заев
Груевски не даде изјава. Во името на ВМРО ДПМНЕ изјава даде Илија Димовски, кој порача дека преговорите продолжуваат денеска во работната група и најави дека очекувањата се изборниот законик да биде во Собрание денеска.
Клучни разликите и понатаму се законот за „бомбите“ и законот за Владата и надлежностите на министрите и замениците.
Нешто по полноќ Пржино го напуштија и лидерите на ДУи и на ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи. Тачи си замина без изјава, а Ахемти изјави дека пропаднале преговорите.
OhridNews
Извор:„24 Вести“