Во седиштето на ЕУ во Скопје завршија одвоените средби што ги имаше еврокомесарот за прошитЈоханес Хан со двајцата лидери на партиите од албанскиот блок, Али Ахмети и Мендух Тачи. По средбата изјава даде Али Ахмети, кој меѓудругото рече дека државните интереси мора да се пред партиските.

Во Резиденцијата на Аиво Орав во Пржино, одделни средби Хан има и со лидерот на СДСМ Зоран Заев и Премиерот Никола Груевски.

Попладнето е најавено дека заедно со Јоханес Хан на заедничка маса ќе седнат четворицата лидери, по што се очекува лично Хан да го објави исходот на разговорите. Во меѓувреме на разговорите ќе им се приклучат и тројцата Ховит, Вајгел и Кукан.

OhridNews