Аферата „Прислушување“ треба да ја разрешат надлежните институции, но ако е неопходно, исто така, треба да има комисија во парламентот кој ќе се справи со ова прашање, но тоа зависи од присуството на сите политички партии во Сорбанието“, вели еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервју на Радио Слободна Европа.
„Но, доколку е неопходно, исто така, треба да има, како што е вообичаено во многу земји според политичката практика, комитет во парламентот кој ќе се справи со ова прашање, но тоа зависи од присуството на сите политички партии во Парламентот. Ова е уште една добра причина и затоа има многу смисла сите политички партии да се во парламентот и политичкиот дијалог да се одвива во парламентот“, порача Хан .
Минатата седмица, еврокомесарот ја посети Македонија, кога разговараше со државниот врв, како и со претставниците на опозицијата. „Ние ги повикуваме сите партии да го решат овој проблем“, изјави еврокомесарот Јоханес Хан, говорејќи за полициската акција “Пуч’.
Оние кои ги имаат материјалите, рече, треба целосно да ги откријат и сите се добро советувани да ја остават работата на процедурата, согласно со владеењето на правото и да се справат со тоа на адекватен начин, како што се очекува од земја со европска перспектива.
Во врска со презентирањето на доказите за прислушување кои ги објави СДСМ, Хан вели дека тоа е нешто многу сериозно и оти негова препорака е дека работите треба да бидат разјаснети и истражени од оние луѓе кои правно се задолжени за таква процедура.
OhridNews
извор РСЕ