Репрезентативецот на Словачка, Марек Хамшик дефинитивно не е повеќе член на Наполи, откако ги договори сите услови со кинескиот клуб Далијан Жифанг.
Доскорешаниот капитен на „азурите“ со кинескиот состав потпиша тригодишен договор и ќе заработува неверојатни 27 милиони евра. Наполи за предвремениот раскин на договорот ќе инкасира 20 милиони евра.
Словачкиот фудбалер на Сан Паоло се пресели од Бреша. Хамшик вкупно 12 сезони помина во дресот на Наполи и успеа да престигна легендарниот Диего Армандо Марадона на вечната листа на стрелци.
30-годишниот фудбалаер соиграч во Далија ќе им биде на Јаник Караско и Николас Гаитан кои претходно се збогуваа од Европа и се преселија во Кина.
OhridNews