Филмот „Хамса“ на режисерот Харим Дриди, е прогласен за најдобар филм од страна на стручното жири на второто издание на фестивалот на францускиот фил, кој синоќа заврши со церемонијата на доделување награди и признанија

– Среќен сум што работам со млади актери, сиромашни, но полни со елан за живот. Нивниот живот многу нема да се промени по ова, но мене ме одбележаа за цел живот, рече режисерот на победничкиот филм, Дриди.


Наградата за најдобро сценарио ја понесе филмот „Добредојде“ на Филип Лиоре, а наградата за најдобар актер ја поделија Синет Аверлин и Вансан Линдон, толкувачите на водечките ролји во истиот филм. Наградата за најдобра актерка ја доби Јоланда Моро, за улогата во филмот „Серафин“.

Публиката за најдбар филм го  избра филмот “Децата од Тимпелбак“ на режисерот Никола Бари. Меѓу наградените е и кусометражниот документарен филм “На изгрејсонце“ на македонскиот режисер Ѓорѓи Ставрески.


Меѓу наградените е и легендарниот француски шансониер и актер Шарл Азнавур, кому му беше врачено признание  за животно дело.

Ohridneews