По трет пат во своето постоење Драмски театар од Скопје на својот репертоар ја  поставува претставата  Хамлет што премиероно ќе биде изведена утре вечер во рамки на фестивалот Охридско лето.

Според драмскиот селектор на фестивалот Ѓорѓи Јолески Драмски театар се потврдува како театар со традиција  кој има снага , волја и сила да го сондира времето во кое живееме.

– За да се постави Хамлет во еден репертоарски театар потребно најнапред да постои актерот кој би можел да го одигра овој круцијален лик од најголемиот драмски автор во историјата на светската драматургија. Потоа е потребен режисер кој ќе го препознае актерот и во својот светоглед ќе го изгради имагинарниот систем со своето уметничко кредо. Се разбира како круна на оваа грандиозна идеја потребен е ансамбл кој може да го понесе товарот и бремето на реализацијата на современиот Хамлет од Вилијам Шекспир.-вели Јолески.

Охридско лето трет пат е го става Хамлет на Драмски театар на својот репертоар и како домаќин на светската и македонска театарска елита им нуди на театарската публика класика која е врв на рецепција на софистираните чувства и идеи.Правото гостување ДТС со претставата Хамлет на Охридско лето е со постановката на Слободан Унковски во изведба на Мето Јовановски како Хамлет во 1978 година, втората во режија на Владо Цветановски со Ѓорѓи Јолевски како Хамлет изведена во предворјето на Света Софија во 1999 година.Трети пат, но за прв пат премиера на Охридско лето, на големиот јубилеј 50 години од своето постоење во 2010 година, режија на Дејан Пројковски и Дејан Лилиќ како Хамлет.

Претставата ќе се одигра на 16 јули, петок, во Центарот за култура “Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.

OhridNews