Возачот на McLaren Mercedes и актеуелен вицешампион, Луис Хамилтон триумфираше во првата трка во новото првенство во Формула 1 што утрово се возеше во Мелбурн – Австралија.

За Хамилтон ова е 5-та победа во осумнаесетиот настап во кариерата. Втор на целта пристигна Ник Хајдфилд-BMW Sauber,  а трет беше Нико Розберг – Williams.


Триумф на Хамилтон во Австралија

Тимот на  Ferrari имаше исклучително лош ден откако светскиот првак Кими Раиконен трката ја заврши на пет круга пред крајот, кога остана без гориво на пат кон боксот. Раиконен стартуваше како 15-ти но со одлично возење стигна до 3-та позиција. Но при обид да го престигне сонародникот од McLaren Ковалаинен заглави во песок по што падна на 11 позиција. Вториот возач на Ferrari Фелипе Маса испадна во 30-от круг по судирот со Дејвид Култхард.

Двократниот шампион Фернандо Алонсо заврши 4-ти. Во исклучително возбудлиовата трка со многу судири испаднаа дури 15 од 22 возачи.

GP Australia:

1. Lewis Hamilton McLaren 1:34:50.616

2. Nick Heidfeld BMW +5.478

3. Nico Rosberg Williams +8.163

4. Fernando Alonso Renault +17.181

5. Heikki Kovalainen McLaren +18.014

6. Rubens Barrichello Honda +52.453

7. Kazuki Nakajima Williams +1 krug

8. Sebastien Bourdais Toro Rosso (не ја заврши трката)

Г. Момироски