Возачот на Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтот, триумфираше во драматична завршница на супер интересната трка од F1 шампионатот, која се возеше на патеката Спа Франкоршамп за ГН Белгија.

Трката одлично ја започна актуелниот шампион Кими Раиконен, се до дождот кога Хамилтон успеа да го престигне. На два круга до крајот Раиконен излета, со што им обезбеди подиум на Фелипе Маса(Ферари) и на Ник Хајдфилд (БМВ Заубер).


Хамилтон триумфираше во Белгија

Во Генералниот пласман Хамилтон е прв со 80 бода, осум повеќе од Маса кој има 72. Следната трка се вози за седум дена на легендарната патека Монца во Италија.

Г.М.