Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон застана во одбрана на пилотите после неговата нова победа во Формула 1 шампионатот. Британецот четвртиот триумф во шестата трка сезонава ја забележа во Франција победувајќи на трката „Ле Кастелет“.  Хамилтон изјави дека пилотите се најмалку виновни за несодржајните Ф1 трки, бидејќи тие не ги пишуваат, туку применуваат правилата.

  • Ќе разберам ако ја наречете трката досадна. Но, не покажувајте со прст кон возачите, бидејќи ние не сме тие кои ги пишуваме правилата. Притисокот треба да се насочи кон тие што се на чело, кои треба да ја вршат својата работа. Мислам дека се обидуваат да направат добра работа, но многу години има само лоши одлуки. – изјави Хамилтон.

Актуелниот шампион има 36 поени предност пред својот тимски колега Валтери Ботас, додека Себастијан Фетел во Ферари на третото место заостанува 76 поени, со што надежите за интересна сезона со тесно тркање и борба за титулата се завршени и пред летната пауза во Ф1. Мерцедес сега имаат 10 победи во низа (осум оваа сезона и две на крајот на минатата), а Хамилтон беше најбрз на сите тренинг-сесии и на квалификациите во Франција. Во текот на трката тој не требаше да претекне никого, ниту да ја брани својата позиција од Ботас, кој заостана 18 секунди.

OhridNews

Ништо ново во Ф1: Хамилтон најдобар во Франција