Победник на второто издание на Големата награда на Сингапур е актуелниот шампион Луис Хамилтон. Ова е само втора победа за возачот на Мекларен оваа сезона и единаесета севкупно во кариерата, до која дојде во не така возбудливата трка во Сингапур.


Задоволен по трката може да биде уште еден британски возач, пилотот на Браун, Џенсон Батон кој е на добар пат да го детронизира Хамилтон. Тој заврши на петата позиција, едно место погоре од тимскиот колега и конкурент за титулата Рубенс Барикело.

Трка на сезоната имаше Тимо Глок на Тојота кој беше втор, додека третото место го освои минатогодишниот контроверзен победник Фернандо Алонсо.

Ohridnews