Хамилтон кој имаше пол позиција, имаше водство во текот на целата трка, а неговите противници во ниту еден момент не успеаа да му ја загрозат победата. Иако во најголемиот дел од трката зад него се наоѓаше сеуште актуелниот шампион, Кими Раиконен од Ферари, во финишот на трката тој беше претекнат од неговиот тимски колега Фелипе Маса, кој е најголем ривал на Хамилтон за титулата. По трката Раиконен изјави дека иако тимот не му издал никаква наrедба, тој знаел што е најдобро за тимот. Ниту Маса немаше конкретен одговор како го престигна Раиконен.
На една трка до крајот Хамилтом има 7 бода предност пред Фелипе Маса. Последната трка од шампионатот се вози за две недели за големата награда на Бразил.